Завршен настан на третиот директен грант „Поддршка на вработувањето на младите”

Завршниот настан на проектот “Поддршка на вработувањет на младите”, се оддржа на 21 ноември 2017 година и беше искомбиниран со започнување на промотивната кампања “ЕУ за Тебе ” во областа на вработувањето, образованието и социјалното вклучување.

Првичниот настан се одржа во АВРМ , каде што младите корисници – учесници во проектот имаа можност да се сретнат со еврокомесарот Јоханес Хан, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ

г-дин Самуел Жбогар, вицепремиерот Османи Бујар, министерот за финансии г-дин Тевдовски, министерката за труд и социјална политика г-ѓа Мила Цареска, директорката на АВРМ г-ѓа Билјана Јовановска и други официјални претставници. Во прилично неформален разговор, младите корисници разговараа со високите претставници за нивното искуство.

Потоа, сите високи претставници ја посетија проектната канцеларијата и разговараа со проектниот персонал за постигнувањата на трите грантови на АВРМ.

Крајните корисници, заедно со највисоките претставници на ЕУ и Владата се превезоа со брендиран автобус “ЕУ ЗА ВАС” до ЕУ Инфо Центарот.

Презентацијата на конечните резултати се одржа во ЕУ Инфо центарот Скопје.

Вкупно 3072 невработени лица ги завршија обуките во рамките на проектот. Просечниот учесник беше млад маж / жена на возраст од 24 години регистриран во системот на АВРМ нешто помалку од една година и половина. Учесниците во обуките за напредни ИТ вештини се оние со најкратко траење на регистрација на невработени во АВРМ. Учеството на жените во овој проект изнесуваше 60%.

Во рамки на Програмата за Практиканство како поддршка за вработување на младите до 29 години, бројот на потпишани договори е 917, додека 825 учесници успешно ја завршија три месечната обука за работно место, додека 266 од нив се вработија. Целта беше постигнување на 1000 договори за практикантство.

Обуките за вештини кои се бараат на пазарот на трудот се состојат од два вида обуки: Обука за напредни ИТ вештини и Обуки за вештини кои се бараат на пазарот на трудот (масeр, шминкeр, негувател на стари лица во домашни услови и обука за службеник во сметководство). Целта на 440 договорот беше постигната (98%) и беа потпишани 430 договори.

Во рамки на Обуките и советување за претприемништво, вкупниот број на млади невработени лица кои ја завршија обуката и подготвија бизнис план е 910 од целната бројка од 950. Стапката на успех е 96%.

Во рамките на Обуките за подготовка за вработување и вештини за барање работа, вкупниот број на невработени лица кои успешно ја завршија обуката е 941. Најголем дел од нив учестуваа во кратките обуки од 10 часа.

Exam: fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner