Секторски комитет за следење (СКС)

Секторски комитет за следење (СКС) за ОП РЧР 2007-2013 (ИПА компонента IV)

Секторскиот комитет за следење (СКМ) на Оперативната програма “Развој на човечките ресурси” е постојано тело за делување, формирано согласно со одредбите од член 36(2) од Рамковната спогодба меѓу Владата на РМ и Комисијата на европските заедници и во согласност со одредбите од членовите 59 и 167 од Регулативата бр EC 718/2007 од 12 јуни 2007 за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр.1085/2006 на Советот за воспоставување инструмент за претпристапна помош (ИПА) (Регулатива за спроведување).

Комитетот е колективно тело и е ко-претседавано од страна на Оперативната структура и Комисијата. Составот на Комитетот е одлучен од страна на Оперативната структура, во договор со Комисијата, во согласност со одредбата од член 167.3 од Регулативата за спроведување. Се состои од членови со право на глас и без право на глас и набљудувачи, кои учествуваат во својство на советници. Членовите кои гласаат имаат заменици.

Комитетот е ко-претседаван од Раководителот на Оперативната структура и претставник на Комисијата.

Опсегот на работа на СКС е поврзан со:

  • Ги разгледува и одобрува општите критериуми за избор на активности и ја одобрува ревизијата на овие критериуми во согласност со потребите на програмата;
  • Врши преглед за напредокот на секоја седница кон постигнување на специфичните цели на Оперативната програма врз основа на документите доставени од Оперативната структура;
  • Го оценува физички и финансиски напредокот во спроведувањето на секој состанок, особено остварувањето на целите одредени за секоја приоритетна оска и мерки и времени евалуации; го спроведува ова следење со упатување на договорени показатели;
  • Ги испитува секторските годишни и завршни извештаи за спроведување пред доставувањето до Комисијата и до Националниот координатор за ИПА;
  • Се информира за годишниот извештај за активностите на ревизијата или на делот од извештајот кој се однесува на Оперативната програма и за сите релевантни забелешки на Комисијата по испитувањето на тој извештај или во врска со тој дел од извештајот;
  • Го испитува секој предлог за измена на Спогодбата за финансирање на Програмата;
  • И предлага на Оперативната структура каква било ревизија или испитување на програмата што најверојатно би овозможило постигнување на целите на програмата од членот 155.2(а) од Регулативата за спроведување или за подобрување на управувањето, вклучувајќи го и нејзиното финансиско управување, како и да ги надгледува хоризонталните теми и мерките за публицитет;
  • Го обезбедува ИПА комитетот со потребните елементи за да овозможи да се процени целокупната ефикасност, квалитет и кохеренција во спроведувањето на Програмата и активностите за исполнување на целите утврдени во Спогодбата за финансирање, како и во Повеќегодишниот индикативен плански документи. Особено, Комитетот обезбедува информации до Комитетот за следење на ИПА, кои се однесуваат на:
  • за напредокот постигнат во спроведувањето на Програмата, по приоритетни оски и, каде што е соодветно, по мерки или активности; ова ги вклучува постигнатите резултати, показателите за финансиско спроведување и други фактори и се основа за подобрување на спроведувањето на програмата;
  • сите аспекти на функционирањето на системите за управување и контрола предложени од страна на Ревизорското тело, Националниот координатор за авторизација или Надлежниот координатор за акредитација;
  • Ги испитува предлозите од ИПА комитетот за можни одлуки за какви било корективни мерки со цел постигнување на целите на програмата и подобрување на ефикасноста на помошта во рамките на програмата;
  • Има за цел да обезбеди ефикасност и квалитет на спроведувањето на програмата и дадените активности, во согласност со посебните одредби утврдени во Спогодбата за финансирање. Може да дава предлози до Комисијата и до Националниот координатор за ИПА, со копија до Националниот координатор за авторизација, за одлуки за какви било корективни мерки со цел постигнување на целите на програмата и подобрување на ефикасноста на помошта;
  • Ги испитува резултатите од евалуациите поврзани со следењето на Оперативната програма;
  • Комитетот ги разгледува предлозите од Оперативната структура и/ или Комисијата за ревидирање на Програмата за следната година, каде што е релевантно, евалуација, вклучувајќи и резултати, како и производство, резултатот и финансиски показатели за следење на помошта.

Одделението за следење во ЦФЦД, кој е назначен од страна на Оперативната структура за Оперативната програма “Развој на човечките ресурси” ќе ја врши должноста на постојан Секретаријат на Комитетот.

Секретаријатот на СКС:

  • ги собира и/ или елаборати и ги доставува до сите членови на Комитетот сите документи и материјали (извештаи, анализи и предлози) неопходни за активностите на Комитетот;
  • ја организира и спроведува подготовката на состаноците на Комитетот и помага со своите активности под надзор на Раководителот на Оперативната структура;
  • развива протоколи за состаноците на Комитетот на англиски јазик;
  • е одговорен за книговодство и документирање на сите извештаи и одлуки донесени на состаноците на Комитетот;
  • го координира спроведувањето на одлуките на Комиteot и потребната размена на информации меѓу засегнатите страни;
  • им помага на ко-претседавачите на Комитетот во извршувањето на своите должности;
  • ja одржува документација на Комитетот;
  • oбезбедува доволно мерки за јавност и транспарентност во врска со работата на Комитетот (со користење на веб-страницата на Оперативна програма “Развој на човечки ресурси”) во соработка со ресорните министерства;
  • врши и други работи и функции доделени од страна на Раководителот на Оперативната структура по однос на работата на Комитетот.
  • ги обезбедува сите технички и логистички аранжмани, вклучувајќи превод и услуги за толкување, каде што е потребно, за да се овозможи ефикасно учество во дискусиите на Комитетот и резолуции од страна на сите членови.

Состаноците на СКС се одржуваат најмалку два пати годишно, по иницијатива на Оперативната структура или на Комисијата. Дополнителни состаноци може да се одржат по барање на Комисијата, Раководителот на Оперативната структура или просто мнозинство од членовите на Комитетот.

Составот на СКС е:

Функција Преставник од
Членови со право на глас Претседавач – Раководител на Оперативната структура (РОС) Министерство за финансии
Претседавач ДГ за вработување
Национален коорсинатор за ИПА (НИПАК) Секретаријат за европски прашања
Европска комисија (ЕК) Делегација на ЕУ, Скопје
Стратешки координатор (СК) Сектор за економски политики и законоски реформи
Оперативна структура (ОС) Министерство за труд и социјална политика
Оперативна структура (ОС) Министерство за образование и наука
Национален службеник за авторизација (НАО) Министерство за финансии
Социо-економски партнери Претставник од синдикатите
Социјални партнери Претставник од организациите на работодавачи
Претставници од граѓанскиот сектор 4 претставници од различни граѓански организации
Членови без право на глас (набљудувачи) Оперативна структура за Компонента II Министерство за локална самоуправа
Оперативна структура за Компонента III Министерство за животна средина и просторно планирање
Оперативна структура за Компонента III Министерство за траснпорт и врски
Заштита и развој на заедничкиот интерес на општините Заедница на единиците за локална самоуправа  (ЗЕЛС)
Еспертиза: Официјални статистички податоци и анализа Државен завод за стратистика (ДЗС)
Дел од Оперативната структура за Компонента I Министерство за економија
Останати релевантни чинители (доколку е потребно, останати институции се покануваат) Биро за развој на образованието (БРО)

Центар за стручно образование (ЦСО)

Агенција за вработување на РМ (АВРМ)

Центар за образование за возрасни (ЦОВ)

Останати претставници Ревизорско тело за ИПА

Exam: fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner fidget spinner