ИПА II Годишна програма за акција 2017 „Поддршка на ЕУ за образование, вработување и социјална политика“

Целта на Акцијата на ЕУ за поддршка на образованието, вработувањето и социјална политика е двојна: да се зајакне креирањето на секторската политика и да се поддржи имплементацијата на националните стратегии за вработување, образование и социјална инклузија.

Оваа акција ќе придонесе за намалување на високата стапка на невработеност, зголемување на учеството на пазарот на труд, особено на младите луѓе и жените, зголемување на пристапот до квалитетно образование и обуки, подобрување на вештините и воспоставување на модерен и флексибилен систем за социјална заштита.

Поконкретно, акцијата има за цел да ги постигне следните клучни резултати:

Резултат 1: Зајакнување на управувањето во секторите, рамката на политики и статистиката.

Резултат 2: Правичен пристап до квалитетно инклузивно образование на сите нивоа.

Резултат 3: Подобрена можност за вработување и пристап до пазарот на труд и пристојна работа.

Резултат 4: Подобрен квалитет и достапност на социјалните услуги.

Годишна програма за акција на Република Македонија за 2017 година „Поддршка на ЕУ за образование, вработување и социјална политика“